|
Сите се подготвуваа за продолженија и за уште најмалку 30 минути гладијаторска битка. Италија нап аѓаше, а Македонија успешно одолеваше во одбраната.
И тогаш „светна“ молњевит противна пад, топката ја имаше Александар Трајковски на триесетина метри од голот на Донарума. Се одлучи за удар, упати неверојатен шут кон голот на најдобриот светски голман во моментот, и ја затресе мрежата.
Молк на „Ренцо Барбера“, сите Италијанци во шок, а македонските фанови во делириум.
„Ова е за моето семејство и за цела Македонија. Неизмерно сме среќни. Напред Македонија“, изјави Александар Трајковски.
Без разлика како и да одиграме против Португалија, ние веќе испишавме историја со тоа што ја победивме големата Италија, европскиот првак во фудбал! Браво момци!