Големиот успех на Вардар и втората европска титула освоена во Келн очигледно е инспирација за сите, па доживеавме најголемиот македонски бредн да добие и турбо-фолк навивачка химна.
Пее извесен Влатко Алексовски, музиката е налик односно слична на таа на бугарската пејачка Преслава и нејзината песна Шушана.
Коментар не е потребен!
Новото засилување на Вардар: Чест и задоволство е да играш за Европски првак и институција како Вардар
Вардар донесе уште едно засилување и на тој начин ја потполни пикерската позиција. Се работи за словенскиот интернационалец, Домен Сикошек Пелко кој има 21 година и доаѓа од екипата на Брук од Австрија. После потписот со црвено-црните, словенецот меѓу другото вели дека е исполнета една од желбите, а тоа е да играш за Европскиот Шампион и институција, како што е Вардар.
Голема чест и задоволство е кога може да ти се исполнат соништата и да добиеш шанса да играш за европски првак и институција каква што е Вардар. Знам дека ме чека уште многу сериозна и напорна работа и докажување, но и сигурен сум дека ќе дадам се од себе, па и повеќе од 100 отсто.
Сташ Скубе ќе биде играчот кој ќе помогне во побрза адаптација во Скопје и клубот, а новиот пикер на Вардар се радува и за соработката со шпанскиот стратег, Давид Писонеро.
Се радувам на соработката со тренерот Давид Писонеро и со нетрпение го очекувам почетокот на подготовките. Доаѓам од Словенија од ракометното школо на РК Требње, а од таму потекнува и мојот сонародник Сташ Скубе, па сигурно тоа и ќе ми помогне околу адаптацијата во тимот.