Аргентина синоќа изборија пласман во полуфиналето во Копа Америка со победа против Венецуела со 2-0.
Гаучосите одлучно го отворија мечот и поведоа веќе во 10. минута, кога мрежата на Венецуела ја затресе Лаутаро Мартинез кој ефектно со пета постигна гол.
Аргентинците го решија мечот со вториот гол во 74. минута, а конечните 2-0 ги постиави Ло Целсо.
Но, на самиот почеток на мечот се случи урнебесен момент. Топката ја имаше аргентинскиот играч Родриго Де Пол кој заврши на тревата и бараше прекршок, а потоа во успорената снимка се виде дека тој беше „фаулиран“ од гулаб кој беше на теренот.
Видеото погледнете го ТУКА.
Аргентина – Бразил во полуфиналето на Копа Америка
Аргентина се пласираше во полуфиналето на Копа Америка, откако синоќа ја совладаа Венецуела со 2:0.
Головите беа дело на Лутаро Мартинез со петта во 10. минута и резервата Џовани Ло Селсо во 75.
Во спор околу местото во финалето, тимот на Лионел Скалони ќе се соочи со домаќинот Бразил, кој претходно го елиминира Парагвај по пенали.
Аргентините подобро ги искористија своите шанси, иако пред вториот гол тие имаа многу тешки моменти. Во втор последователен меч, тимот не дозволи гол, и ова е сигурно повод за оптимизам.
Шампионот на Копа Америка Чиле исто се квалификуваше за полуфиналето на турнирот по отстранувањето на Колумбија по пенали.
Регуларното време на „Арена Коринтијанс“ заврши 0:0 и се пристапи директно кон исполнување на удари од 11 метри. Кај нив Вилијам Тесиљо промаши за Колумбија, а по него Алексис Санчез беше бескомпромисен и го однесе Чиле во најдобрите 4.
Успехот е целосно заслужен за Чилеанците кои беа поопасниот тим на теренот, а на два пати по интервенцијата на ВАР, нивни голови беа поништени.
Ривал на Чиле во полуфиналето ќе биде победникот од мечот Уругвај-Перу вечерва.