Холивудската убавица снимена после 12 години, сега никој не може да ја препознае

ИЗВОРНов Лист
|

Холивудската ѕвезда од 1990-тите Бриџит Фонда (58) е фотографирана од папараците додека се шетала во Лос Анџелес. Актерката денес не изгледа како што изгледала во времето кога снимала бројни филмови.

Имено, нејзиниот изглед изненади многумина, а обожавателите на нејзиниот лик и дела коментираа дека не можат да ја препознаат.

Таа беше фотографирана додека беше во „домашното издание“ и носеше широки панталони, маичка додека во рацете носеше шише со вода. Долгата коса по која беше препознатлива беше врзана.

Најмногу е запаметена по улогата во филмот „Џеки Браун“ на Квентин Тарантино. Таа глумеше и во филмовите, „Патот без враќање“, „Совет од два милиони долари“.

Актерката последен пат беше видена пред 12 години на црвениот тепих на премиерата на „Inglourious Basterds“. Таа се повлече од очите на јавноста откако се омажи за Дени Елфман во 2003 година (68). Познато е и како, некогаш популарна актерка, сега води семеен живот, далеку од очите на јавноста, на ранч во Санта Барбара.