Храна која можете да ја јадете навечер, а да не се здебелите

ИЗВОРСкопје24
|

Без оглед на тоа колку внимавате што јадете, се случува некогаш навечер да огладнете. Не е препорачливо навечер да го “наполните“ стомакот, а од друга страна пак не е добро ниту да си легнете гладни.

Еве што може да јадете во такви ситуации.

Пуканки

Можеби ќе ве изненади фактот дека пуканките се едни од најздравите грицки. Содржат малку калории- околу 122 калории во порција од 30 грама. Пуканките содржат и малку масти, а доста влакна. Затоа се вистинскиот избор кога ви се јадат грицки.

„Тоа се цели житарици кои содржат влакна што се добри за здравјето на органите за варење“ – вели диететичарката и нутриционистка Кариса Белерт.

Морков

Покрај тоа што е добар за вид, морковот е идеален и за грицкање навечер. Диететичарката Ејми Горин вели дека овој зеленчук е добар извор на хранливи влакна, витамин А и калиум. Исто така содржи и алфа-каротин за кој се верува дека добро влијае на спиењето. Горин вели дека морковот е добро да се јаде навечер затоа што потребно е повеќе време да се џвака, а исто така крцкав е и може да послужи како замена за грицки.

Jогурт

Јогуртот е одличен извор на калциум затоа се поврзува со подобрувањето на сонот кога се пие навечер. Исто така е добар извор на протеини кои што ќе ве заситат. И не е само тоа, грчкиот јогурт е богат со протеинот касеин кој кога се консумира навечер го намалува чувството на глад наутро.

Сирење

Сирење со намелено количество на масти е одличен извор на протеини и плус ќе ви го забрза метаболизмот. Научниците од Универзитетот на Флорида тврдат дека консумираат 30 грама протеини околу половина час пред спиење, а тоа може да има позитивно влијание на мускулите, метаболизмот и општото здравје. За да го тестираат ефектот, научниците ангажирале група на активни жени во 20-тите години кои секоја вечер јаделе тврдо сирење.