Хрватската пошта отвори ултра-современ центар кој го привлече и Amazon!

|

Најголемата инвестиција во историјата на Хрватската пошта, современиот центар за сортирање, во кој се инвестирани околу 46 милиони евра, вчера беше отворен во Велика Горица. Во склоп на комплексот на околу 35.000 квадратни метри самата сортирница зазема 11.000 квадратни метри и во неа пакетите ќе се сортираат со брзина од 15.000 парчиња на час. Ова отвора нови работни места во Велика Горица за почеток ќе работат 1.400, а потоа 1.800 вработени.

Стратешки е избрана локација недалеку од  аеродоромот „Фрањо Туѓман” и автопатот, а изградбата почнала во 2017 година. Како што објави Poslovni dnevnik во мај, токму овој центар е една од причините поради кои на Поштата и се отвори прилика за соработка со Amazon. Наводно, тој глобален трговец размислува со Хрватската пошта да договори некој вид на соработка за достава и логистичка поддршка на хрватскиот, а потенцијално и на целиот регионален пазар. Експертски тим од Amazon летово го посети центарот во Велика Горица.