Светската економија денес е помалку отпорна на глобална финансиска криза отколку во 2007-та година, покажува индексот на макроекономски отпорности кој заедно го развиле швајцарскиот институт “Svis Re“ и лондонсколо училиште за економија.
Меѓу 31-та анализирана земја и региони кои претставуваат околу четвртина од сведскиот BDP, Швјацарија, Канада и САД имаат најголема економска отпорност додека пак најголема отпорност од 2007-та година забележува еврозоната, пренесува порталот „Shine News“.
Анализата покажува дека 80 отсто од земјите во 2018-та година биле “поранливи“ во однос на кризата отколку во 2007-та година, а главната причина се исцрпеност на опционите инструменти на монетарната политика во многу развиени земји, а предизвиците кои стојат пред банкарските сектори наспроти финансиските институции денес се посилни отколку што биле на почетокот на кризата.
Кога станува збор за еврозоната, најголем пад на отпорност имаат земјите на периферијата од блокот како што се Италија и Грција поради послабата финансиска позиција, исцрпен механизам на монетарната политика, со уште послаб банкарски систем, неефикасен пазар на работата и слабо развиен финансиски пазар.
Азија и Океанија имале исто така слаби резултати на економската отпорност помеѓу 2007-та и 2018-та година, а нивото на отпорност во Кина, Јапонија и Австралија значително се подобрени.
Истовремено отпорноста на Индија се намалила поради послабите резултати во финансискиот сектор.