И новиот БМВ 5 ќе пристигне со новитетот кој не им се допаѓа баш на сите…

|

Претходно во текот на оваа година БМВ ги уверуваше своите купувачи дека нема сите модели да добијат „хипертрофирана маска“ на ладилникот како кај моделите Х7 и освежената Серија 7.

Засега само Серија 3 ги избегна зголемените „ноздри“, а се чини дека тоа нема да е случај со Серија 5 за 2021-ва година – овој модел очигледно поседува прилично нагласени и зголемени отвори на предната маска.

Баварците сметаат дека новиот стил треба да се примени и на моделот од „Е“ сегментот, а тоа е евидентно, без оглед на камуфлажата.

Всушност, формата е повеќе правоаголна, слична на Серија 7. Покрај тоа, тука е и 3Д изгледот на ореолот на новите фарови во стил кој досега не може да се каже дека ги красеше баварските модели. На шпионските фотографии се наоѓа моделот “M Sport M550i” или “M550d” кој има поагресивни линии.

Моментално, М550i располага со 530 коњски сили кои ги обезбедува 4,4-литарскиот V8 агрегат. Од друга страна, моделот М550d испорачува 400 коњски сили од quad-turbo 3,0-литарскиот агрегат.