Вардарци се вистински хит во хрватското крајбрежје. Деновиве шампионското „црвено-црно“ знаме е развиорено низ Јадранот. Сплит, Хвар, Бол на Брач и Вис се четирите дестинации каде втората златна генерација на македонскиот тим ќе ужива во заедничкиот одмор.
На вардаровата експедиција во Хвар им се приклучи и екс-шефот. Шпанскиот стратег, Роберто Гарсија Парондо кој успеа да го донесе вториот пехар и потпиша договор со египетската ракометна федерација не ја пропушти забавата.
Поради операцијата на коленото овој одмор го пропушти Стојанче Стоилов, капитенот и главниот мотиватор. Ги нема уште Рожерио Мораес, Калифа Гедбан и Дејан Милосављев.
Извор: sportmedia.mk