Појадокот е многу битен дел од животот на човекот и никако не смеете да го прескокнувате. Доколку не знаете што вкусно да направкте денсска во продолжение ви претставуваме рецепт за вкусни солени палачинки кои брзо се подготвуваат. Истите можете да ги направкте и за вечера!
Потребни состојки: направете ја стандардната смеса за палачинки, млад кромид, шунка, свежа пиперка, сол, оригано, павлака и домати за декорација.
Начин на подготовка: Кога ќе ја подготвите смесата за палачинки, во неа додадете исечкан млад кромид, шунка исечена на ситни парчиња и пиперка исечена на ситни коцки. Потоа додадете сол и оригано.
Испржете ги палачинките, па оставете малку да се оладат. Преку нив намачкајте павлака и декорирајте ги со домат исечен на кругови.
Послужете ги како стандардни палачинки, преклопени или по желба.