Идеја за ручек: Тестенини со компири

ИЗВОРНов Лист
|

Време е за ручек, па доколку сеуште не сте одлучиле што вкусно да направите денес и ви е смачено од едните исти јадења, имаме интересен предлог рецепт за вас.

Состојки: 400 гр тестенини по желба (полжавчиња, спирали, лентички…), 3 поголеми компири, 1 кромид, 2 лажички слатка црвена мелена пиперка, вегета, сол, бибер.

Подготовка: Одделно сварете ги тестенините во еден сад и компирите во друг.

Исцедете ги сварените тестенини, и излупете ги компирите и лесно изгмечете ги со вилушка (не до крај, само колку да се раскашаат). Ако сакате побрзо да бидете готови со ручекот. Компирот излупете го и исечете го на коцкички, така ќе се свари побрзо.

Испржете го исецканиот кромид на масло во поголема длабока тава, додадете ја мелената пиперка и промешајте. Потоа додадете ги тестенините и пирето од компири, сол или вегета и добро измешајте.