Иди ми – дојди ми: Сталоне не се разведува, жената се покаја, па го повлече барањето

ИЗВОРНов Лист
|

По 25 години брак, Џенифер Флавин кон средината на август поднесе барање за развод од холивудската ѕвезда Силвестер Сталоне. Сепак, парот сепак успеа да ги реши несогласувањата.

Како што откри портпаролот на холивудската двојка во интервју за американскиот Пејџ Сикс, филмската ѕвезда и неговата 22 години помлада сопруга решиле да се сретнат дома, каде разговарале и успеале да ги решат несогласувањата, а и двајцата се многу среќни поради тоа.

Нивното помирување дојде еден месец откако Џенифер поднесе барање за развод од Силвестер. Само неколку дена пред нивното официјално помирување, поднесеното барање во судот во Палм Бич Кантри, Флорида откри дека парот се согласил „во најдобар интерес за секој од нив поединечно, и уште поважно колективно како семејство, е да ги решат сите поврзани прашања до разводот на нивниот брак на достоинствен, пријателски и приватен вонсудски начин“.

Обожавателите веќе шпекулираа дека се смириле претходно оваа недела, откако ѕвездата на Роки објави две фотографии од минатото на кои се држи за рака со Џенифер на социјалните мрежи.

„Прекрасно…“, напиша Силвестер во описот на својата објава.

По веста за разводот, актерот ги демантираше шпекулациите дека до него дошло затоа што ја покрил тетоважата на неговата сопруга со нова тетоважа на нивниот ротвајлер Двајт.

„Не раскинавме од толку тривијална причина“, рече тој, а пренесуваат странските медиуми. „Сите едноставно тргнаа во друга насока. Имам многу почит кон Џенифер. И секогаш ќе ја сакам, таа е неверојатна жена. Најслатката личност што некогаш сум ја сретнал“.

Сталоне, исто така, ги негираше тврдењата дека „намерно го расфрлал семејниот имот, што имало негативен ефект врз брачниот имот“. Да потсетиме, Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин се венчаа во 1997. Парот има три ќерки: Скарлет, Систин и Софија.