Во емисијата „Срце на Дланка“ Игорче Чамбов од Штип, 60 годишен маж кој половина од својот живот го поминува во темнина, ја раскажува својата приказна .
Во брак бил седум години, брак од кој добива две деца, немал услови да ги земе кај него, но 20 години плаќал алиментација, при нивната посета тие плачеле да останат кај него.
Децата кога доаѓаа помали кај мене не сакаат да си заминат, велеа ти ни даваш јадење, но мама не. Но сега децата не ме посетуваат, вели Игор. Најголем пријател му е трската со која како што вели кога ќе останел без работа ја зема и оди да лови риби па ги продава за да се прехрани.
Оосум месеци бев во Куманово и Тетово, во првите линии во конфликтот во 2001 година, вели овој човек кој ја бранел татковината. За Игор денот завршува кога сонцето ке зајде, а потоа друштво му прави само свеќата што гори. Осамен и во голема сиромаштија.
Се бањам во бањата Кежовица таму се и преперувам. Работам во една фирма како магационер. Околку седум илјади денари ми одат на кредит. И на мене ми остануваат осум илјади денари, со еден збор живеам крпен живот, кратам од секаде да има само леб за јадење, вели Игор.
Не купувам многу храта поради тоа што немам фрижидер а и да имам фрижидер немам пак струја, само јас си знам низ што се минувам, додава тој.
За луѓето од ЕВН вели дека му земале 50 евра за да приклучат струја, му рекле не доаѓај ти кај бандерата ние ќе средиме, но тој сеуште нема ниту приклучок ниту струја.
Кога би имал струја повторно би се родил, тоа ми е најголема желба. Вода исто така би било добро да добијам, вели Игор.