Илиев го испрати Чех во пензија: Можам да кажам само една работа… (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Македонскиот репрезентативец, Дејан Илиев со порака на социјалните мреи го испрати во заслужена пензија својот постар клупски колега од Арсенал, Петр Чех.

Чех вчера за последен пат бранеше на еден натпревар и тоа во финалето на Лига Европа, дуел кој тој и неговиот Арсенал го загубија од Челси со 4-1, но без разлика на тој исход и примените четири гола, Петр ќе остане запаметен како еден од најдобрите голмани во последните 15 години.

-Имав можност да работам со еден од најдобрите голмани, кој го гледав додека растев. Ти беше мојот пример на кој секогаш се угледував! Една работа што можам да кажам е дека научив многу од тебе во овие неколку години во кои заедно работевме заедно, од твоето големо искуство и одличната личност! Се најдобро во иднина, брате. Ти посакувам се најдобро во иднина, -напиша нашиот Илиев.

I had the opportunity to work with one of the best goalkeepers that I remembered watching when i was growing up. You was…

Gepostet von Dejan Iliev am Donnerstag, 30. Mai 2019

Извор: derbi.mk