Познатиот актер Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд се во центарот на светското внимание поради конфликтот и судските спорови кои ги водат, а ситуацијата дополнително ја зачини инајбогатиот чивек, Илон Маск.
Сето ова не би било интересно доколку Илон не беше поранеше партнер на Амбер Херд, а тој го искажа својот став на Твитер.
– Се надевам дека и двајцата ќе можат да продолжат понатаму. Во своите најдобри изданија и двајцата се неверојатни луѓе – напиша Илон во објавата.
Засега не се знае што ќе прави по заминувањето од функцијата.
Херд во тоа време сè уште беше во брак со актерот.
Маск стана тема на разговор и за време на судењето кога како сведок беше повикан поранешниот агент на Деп, Кристијан Карино. Кристијан, кој претходно беше свршен со Лејди Гага, беше прашан дали Маск и Херд биле во врска во 2016 година.
– Не знам дали излегоа, но дефинитивно поминаа малку време заедно – рекол Кристијан.
На судскиот спор му се ближи крајот, а целиот свет се надева дека ќе заврши со победа на Деп.