Инфлуенсерката ги збуни корисниците: Која е мајка, а која ќерка?

|

Бритни Ксавиер, 35-годишна од Лос Анџелес, сподели неколку видеа со нејзината 15-годишна ќерка Џејдин на ТикТок и Инстаграм, при што поттикна уште поголема слава.

Поради големата заинтересираност гаа сега објави уште едно интересно видео кое започнува со тоа што Британи изгледа замислена пред да ја сврти камерата кон својата ќерка, со текстот над видеото кој гласи: „Роди ја на 20 години и земи ја со себе додека се обидуваш да го разбереш животот“.

Видеото брзо беше преплавено со коментари, од кои многу ја шокираа информацијата дека се работи за мајка и ќерка: „Мислев дека ова е шега и дека и дветте имавте по 20 години“, додека друг праша: „Која е мајката?“

Мајка и ќерка објавуваат десетици заеднички видеа, но следбениците главно мислат дека се пријателки или сестри. Некои дури ги споредија со Гилмор девојките од истоимената серија.

Британи за врската со ќерката изјавила дека уште од првиот момент почувствувала огромна поврзаност со неа. Иако беше толку млада и имаше уште многу да научи за животот, тие успеаја да развијат квалитетна врска. Таа беше воспитана како самохрана мајка, а неодамна доби уште една ќерка Попи со нејзиниот сопруг Ентони.

„Овој пат се чувствувам многу повеќе приземјено. Можам да научам од моето минато за да ја направам сегашноста што е можно подобра“, објасни таа.