Овен (21.03 – 20.04)
Доколку вашата работа е поврзана со трговија на било кој начин, очекувајте склопување на добра работа и остварување на плановите. Ги криете своите чувства и пронаоѓате смисла во тајната врска. Ќе имате прилика да се претставите во вистинско светло.
Бик (21.04 – 21.05)
Имате можност прв пат да остварите важни контакти со моќни лица и на себе да си обезбедите подобра положба. Многу емотивно реагирате на зборовите од партнерот и имате впечаток дека партнерот е доминантен кон вас.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ситуацијата на работното место се менува на подобро. Ќе почувствувате голема поддршка од соработниците, но и од надредените. Некој муабет кој ќе го слушнете ќе ве вознемири, но без грижи на крајот ќе испадне дека не бил точен.
Рак (22.06 – 22.07)
Ве очекуваат потешкотии бидејќи не ги прифаќате лесно туѓите совети. Тешко ви паѓа секој облик на прилагодување на нешто што не ви е по волја. Го занемарувате вашето здравје, потребно е повеќе да внимавате на него.
Лав (23.07 – 22.08)
Ќе бидете задоволни со резултатите од својата работа. Интуицијата ви е одлична и ќе донесете добри одлуки. Во љубовта можете да очекувате пријатни изнендувања, особено од лицата кои ги познавате на работа. Можни се проблеми со органите за варење.
Девица (23.08 – 22.09)
Нешто ви е сомнително па поради тоа постојано се преиспитувате. Многу сте самокритични. Кон партнерот сте повеќе од доволно лојални, успевате да го расположите и во секој поглед да му бидете поддршка.
Вага (23.09 – 22.10)
Не ве очекуваат значајни промени, поради што ви се препорачува да одите на некаков краток одмор. Можноста за романтични патувања искористете ја максимално. Чувајте се од крадци и паричникот чувајте го на сигурно место. Можни се мали невролошки проблеми.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Воздржувајте се од коментари кои можат да ви го расипат угледот. Можни се некои навреди од страна на колегите кои ги сакате. Немојте да се навредите, сепак тие добро ви мислат и затоа искрено разговараат со вас. Препорачливо е да се ставите на диета.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ќе ви се укажат некои нови деловни можности, особено ако вашата работа подразбира патување, многу средби, љубезност, комуникативност. Бидете реални кога станува збор за вашите очекувања од партнерот. Ве загрижува здравствената ситуација.
Јарец (22.12 – 20.01)
Долго чекате на некоја информација и многу сте вознемирени поради неизвесноста. Може да ви се посреќи. Очекувајте добри вести. Она што сега го барате е слобода, а не партнерот да ви ја наметнува својата волја.
Водолија (21.01 – 19.02)
Сите работи ги обавувате со неверојатна лесностија. Соработниците се потпираат на вас и ви укажуваат голема доверба. Ја мешате љубовта со пријателството и не можете да ги одделите тие две работи.
Риби (20.02 – 20.03)
Ќе имате корист на работа од туѓите инвестиции, а не од парите кои вие ги инвестирате во работата. Важно е да бидете во контакт со лицата од доверба. Лесно можете да се впуштите во авантура со личноста со која деловно сте поврзани..