Ирена Спировска живее авантуристички и адреналински ТВ водителката Ирена Спировска. Често можеме да ја забележиме на велосипед, параглајдер, кајак, само со пешачење и искачување врвови.
Во здраво тело, здрав дух! Добро позната изрека која веруваме дека е примарната идеа на Ирена.
Спортувањето значи здравје, а позитивната енергија што ја носи, се рефлектира на сите прво на себе, а потоа и на пријателите во опкружувањето. Со тоа пак, внатрешна убавина е гарантирана, а истата, највидлива е однадвор.
Здрав и исполнет живот без исклучок е принципот на Ирена, која е пример за жена што знае како да ги задоволи потребите за животен баланс. Можеме да видиме дека слободно време секогаш е организирано со агенда за планинарење и адреналин во природа.
Таа го прави тоа и заедно со својот партнер Дишко и друпа пријатели имаа нова цел,не многу далечна – Скопско Водно, па објавија и неколку фотографии.
Доколку говориме за резултатите од ваквиот стил и начин на живот, најдобар доказ е изгледот на Ирена која иако е длабоко во петтата деценија, изгледа перфектно.
Моден погодок има и со кусиот црн топ кој го открива нејзиниот мускулест стомак е во фокусот на перцепцијата, но и кусите панталончиња од кои ги откри згодните и затегнати нозе.
Титулата на позната и успешна дама со повеќе од дведецениска медиумска кариера, а за сите останати, па и помладите, може да биде пример дека годините немаат врска со активноста, убавината и ведриот дух полн со желба за нови и возбудливи животни врвови.