Некои намирници кои не се здрави подобро е воопшто да ги немаме во фрижидер, за воопшто да не не стрват и да не паѓаме во искушение. Доколку здравата исхрана и живот ви значат, би требало да ги исфрлите следниве работи.
Нутриционистката Илејн Маги состави листа на најнездрави намирници кои е подобро воопшто да не ги имате во фрижидер
МАЈОНЕЗ
Доколку го јадете често, тогаш јасно ви е зошто маснотиите се таложат на вашите крвни садови, а килограмите ви се лепат. Доколку сте голем љубител на мајонезот, во еден оброк може да внесете околу 360 калории и 40 грама маснотии. Наместо мајонез, подобро е да одберете помалку мрсни сосови и намази, како сенф, рен или намаз од сирење.
ПРЕРАБОТКИ ОД МЕСО
Саламите, сувомеснатите колбаси, виршлите и паштетите обично се прават од месо со најнизок квалитет, а им се додаваат конзерванси, адитиви и маснотии. Освен тоа содржат и голема количина на сол поради што го зголемуваат ризикот од оштетување на бубрезите и високиот крвен притисок, а не се препорачуваат за јадење повеќе од еднаш неделно. Бројни студии покажаа дека преголемото внесување преработено месо придонесува за зачестена појава на рак на дебелото црево, еден од најраспространетите карциноми.
ПОЛНОМАСНИ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ
Намирниците како полномасно млеко, павлака и путер имаат многу добри состојки како протеини, калциум, витамин Б, но проблемот е во тоа што содржат и многу масти, па доколку секојдневно ги внесуваме постои ризик од зголемено ниво на холестерол. На пример, доколку пиеме пола литар полномасно млеко секој ден, за една недела внесуваме преку 2.000 калории, 105 грама маснотии, од кои 60 грама заситени масти и 35 милиграми холестерол. Поради ова, секогаш е подобро да се одберат млечни производи кои содржат здрави состојки, но и помалку масти.
КРЕМАСТИ ПРЕЛИВИ ЗА САЛАТИ
Сосовите за салата се одличен додаток кои ги претвораат во вкусно главното јадење, но вообичаеното сервирање содржи околу 120 калории, 12 грама масти и 380 милиграми сол. Поради ова, најдобро е да се избегнуваат, а да употребувате традиционални зачини, вински или јаболков оцет или лимонов сок.
МАРГАРИН И НЕГОВИТЕ ДЕРИВАТИ
Маргаринот содржи голема количина масни киселини бидејќи се создава како емулзија од растително масло и вода, а докажано е дека неговото редовно користење во исхраната го зголемува ризикот од болести на срцето и крвните садови. Маргаринот го зголемува и нивото на холестеролот, а делува лошо и на имунитетот. Тврдиот маргарин содржи помеѓу 19 и 38 проценти трансмасни киселини, а само во една лажичка се наоѓаат околу 100 калории и 11 грама масти.
СМРЗНАТ ПОМФРИТ
Оваа верзија на компирот посебно им е драга на најмладите, а луѓето (посебно рестораните) често го купуваат бидејќи им ги олеснува работите во кујната. Сепак, содржи смрзнат компир кој воопшто не е добар за здравјето, бидејќи содржи големи количини сол и конзерванси. Мала порција од 85 грама компир содржи околу 11 грама масти, околу 3 грама заситени масни киселини, 390 до 540 милиграма натриум и околу 190 калории. Се препорачува да јадете печен компир или најдобро печен во лушпа, советуваат нутриционистите.