Првите есенски денови неминовно носат вируси и настинки. Болките во синусите се неподносливи, а секретот кој се спушта од горните дишни патишта предизвикува кашлица.
Настинката и грипот не мора да бидат единствената причина за слуз во синусите. Многу фактори можат да влијаат на неговото зголемено лачење како млечни производи, кафе, соја, зачинета храна, бременост, сезонски алергии итн.
Еве 5 едноставни начини на кои по природен пат ќе се ослободите од слузта од синусите:
1. Јаболков оцет
Јаболковиот оцет е едно од најмоќните, природни антибактериски средства. Неколку чајни лажици јаболков оцет во текот на денот ќе ви помогне да го спречите прекумерното лачење на слуз и ќе доведе до pH рамнотежа во телото.
2. Босилок
Инхалацијата со чај од босилок е стар рецепт на кој многумина забораваат. Сè што треба да направите е да сварите чај од босилок и да го инхалирате, а слузта и сите непријатни појави кои се предизвикани од настинки и вируси ќе исчезнат.
3. Чај од ѓумбир
Ѓумбирот е природно антибактериско средство. Ѓумбирот помага да се ублажи болката во градите и грлото и овозможува сушење на слуз во организмот.
Рецепт: Изрендајте корен од ѓумбир, па прелијте го со две шолји зовриена вода. Оставете да отстои 10 минути, а потоа процедете. Додадете малку мед и пијте го чајот додека е топол.
4. Мед и лимон
Ова е најдобар и најстар рецепт против слуз во синусите. Лимонот е богат со витамин Ц кој го поттикнува имунитетот и е одличен против појава на настинка.
5. Куркума
Куркумата е неверојатен зачин – куркуминот, биолошки активна состојка на куркумата, пружа повеќе од 150 потенцијално терапевтски својства, вклучувајќи и антивоспалителни, антимикробни и антиканцерогени елементи.