Избувна пожар во стан во Кисела Вода – две лица се во болница

|

Пожар изби во стан во Кисела Вода, при што две лица завршија и се згрижени во болница. Пожарникарите кои интервенираа во огнената стихија, информираа дека лицата прво биле евакуирани од зградата, па потоа веднаш транспортирани во болница.

Се работи за две жени, едната била жената во чиј стан избил и самиот пожар, а другата била девојка од горниот спрат, која вдишила големо количество на чад.

На местото на настанот пристигна и градоначалникот, Ѓорѓиевски кој се информираше за ситуацијата.

Тој дополнително извести дека ќе биде доделена еднократна парична помош на жената во чиј стан избувнал пожарот.