Израелска армија: Убиен министерот за економија на Хамас

|

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека во нападите во Појасот Газа го убиле министерот за економија на палестинската милитантна група Хамас, Џавад Абу Шамала, како и функционерот на Хамас, Закари Абу Мамар.

– ИДФ го уби министерот за економија на терористичката организација Хамас.

Се додава дека убиениот функционер на Хамас, милитантната група која управува со Појасот Газа, претходно имал позиции во терористичката организација каде што водел неколку операции насочени против израелски граѓани.