Селин Сентино од Швајцарија, атрактивна русокоса, која не крие дека направила бројни пластични операции на кои потрошила над 40.000 евра и така го „подобрила“ своето тело, сега на тоа изградила успешна кариера.
Ја нарекувале машкоданка и даска бидејќи немала гради, а често и велеле дека е грда. Таа успеа да ги надмине сите насилства и лоши зборови и да се издигне над се.
Тоа и оставило длабоки траги на психата. Селин Сентино била мета на сите тие грди зборови, пцовки и понижувања, кои оставиле неизбришливи траги.
Решила да заштеди за пластични операции и целосно да се промени. Од 2013 година, таа неколку пати ги зголемила градите, ги средила носот, брадата и вметнувала филери во усните и брадата, сето тоа за над 38.000 фунти (околу 40.000 евра).
– Отсекогаш сум била среќна, но не се чувствував добро во своја кожа. Премногу луѓе ме осудуваа дека сум грда… Тоа ме турна во лоша емотивна состојба и станав многу несреќна. Сакав повторно да бидам среќна и весела, па решив да сменам се што не ми се допаѓа…
Го променив изгледот затоа што сакав повторно да бидам среќна. На крајот на краиштата, живееме во време кога многу работи можат да се променат. – изјавила оваа девојка од Швајцарија.