Ја запрепасти јавноста: Го мразам тенисот, играм само за пари

ИЗВОРновлист
|

Рускиот тенисер Александар Бублик на социјалните мрежи стана познат со неговиот однос во мечот со Хенри Лаксонен на АТП турнирот во Монпелје, минатата недела. По неколку направени грешки, во еден момент почна да вика „со цело срце го мразам тенисот, најодвратен е од сите спортови, мразам што мора да играм секој ден и да се борам“.

Оваа недела Бублик ќе настапи на турнирот во Марсеј и објасни зошто го мрази тенисот.

-Не гледам ништо позитивно. Играм само за пари. Ако нема вака голема заработувачка, веднаш би прекинал да играм“, истакна 55от играч на АТП ранг листата.

“Тешко ми е постојано да играм против нови ривали. Понекогаш морам да играм во болка, морам да играм дури и кога ќе ме остави девојка ми, што е дел од тенисот што го мразам. Во тенисот, како и во другите спортови, не можеш да кажеш тренер дека не сте добри и дека остатокот од тимот игра без вас … “, вели Казахстанецот.

Бублик лани играше две финалиња на АТП турот. Во Њупорт загуби од Џон Изнер, а во Ченгду од Пабло Карењо Буста. Најдобар пласман на АТП листата ми е 48-то место и досега во кариерата има заработено околу 1,5 милиони долари.