Јадете сурова храна за подобро здравје

ИЗВОРНов лист
|

Некои од прехранбените производи мора термички да се обработат пред да се конзумираат. Меѓутоа, има и такви кои со термичката обработка ја губат својата нутритивна вредност и затоа се препорачува да се јадат сурови.

Во светот расте бројката на приврзаниците на хранење по принципите на сурова храна. Кај нас ова во минатото се практикувало за време на постите.

Во поново време, овој тренд има се поголем број на приврзаници.

Помеѓу прехранбените производи кои се здрави кога се јадат сурови има и зеленчук и овошје.

Брокула

Брокулата содржи големи количини на фитохемиски сулфорафан што помага во спречувањето на срцеви заболувања, воспаленија, депресија и многу други здравствени состојби.

Лук

Една неодамнешна студија открива дека загревањето лук на 200 степени за шест минути целосно ја уништува антиагрегацијата во лукот.
Постои уште една здравствена придобивка од употребата на суров лук, како што е прикажано во студијата, топлина го деактивира ензимот алиназа, вели нутриционистката Ненси Вудбери. Приготвувањето на лукот 20 минути, целосно ќе го намали неговото антибактериско дејство, а само една минута во микробранова ќе уништи 100% од неговите својства, предупредува таа.

Боровинка

Боровинките содржат повеќе антиоксиданти од кое било друго овошје, главно заради големата количина полифеноли, вели инструкторот по фитнес, Џули Офофрин.

Црвена пиперка

Печените пиперки се брз и лесен додаток на секој оброк, но можеби ќе сакате да ги јадете како сурови. Тие се одличен извор на витамин Ц, а топлината може да го уништи.

Кељ

Листестиот зеленчук кељ и припаѓа на истата фамилија на зеленчуци како брокулата и карфиолот, многу е здрав и доволно вкусен.

Кељот содржи соединенија наречени глукозинолати, а кога ќе стапат во контакт со ензимот мирозиназа, тие се претвораат во различно соединение кое помага во борбата против разни болести.

Како и да е, топлината ја деактивира мирозиназата, така што варениот кељ не ги има истите својства како и суровиот.