Изгледот на Јелена Ѓоковиќ е тема меѓу многу дами кои ја следат нејзината рутина, а покрај тоа што сопругата на Новак Ѓоковиќ често е мета на критики поради одредени животни навики и специфични методи.
И без разлика што објавува, Јелена секогаш е мета и на позитивни и на негативни коментари – но овој пат се чини дека е направен преседан.
Имено, Јелена моментално ужива во Фрушка Гора, а викендот реши да го искористи како што најдобро знае, здрав живот и рекреација.
Јелена на својот Инстаграм профил објави видео од шума, а овој пат нејзините следбеници беа особено воодушевени од нејзиниот стајлинг.
Таа се појави во шумата каде на своите следбеници на социјалните мрежи им се појави без трошка шминка, но тоа никој не можеше да го коментира освен пофалби бидејќи изгледот на Јелена Ѓоковиќ беше идеален за таква пригода.