Џони Деп треба да плати 840.000 долари по изгубениот спор со британскиот „Сан“

ИЗВОРНов Лист
|

Џони Деп  треба на компанијата „Њуз груп њуспејперс“ да и исплати 840.000 долари за судски трошоци, по изгубениот судски спор за клевета против британскиот таблоид „Сан“.

57-годишниот актер презеде правна акција против британскиот весник откако го нарекоа тепач на жена кој физички ја нападнал тогашната сопруга Амбер Херд, но судијата пресуди во корист на „Сан“ на почетокот на овој месец, и ја отфрли тужбата на Деп за клевета.

Џони Деп беше отпуштен од филмот во најава „Фантастични ѕверки 3“, каде што требаше да ја повтори улогата од вториот дел. Се говори дека ќе го замени данскиот глумец Мадс Микелсен. Филмот е во фаза на подготовки и е најавен за 2022 година.