Како да не ви замрзнат бришачите на возилото?

ИЗВОРНов Лист
|

Дури и најновите и модерни бришачи замрзнуваат на шофершајбната во текот на зимата. Најраспространетиот метод против таа појава е исправањето вертикално, на тој начин што бришачите се одвоени од стаклото.

Овој метод е ефикасен, но проблемот кај него е тоа што честот поместување води кон растегнување на федерот, кој го притиска бришачот до стаклото и оттаму до полошо чистење на шофершајбната.

Уште нешто, кое не се препорачува е прскање на бришачите со препарати од родот WD-40, какви совети има во изобилство по форумите. На тој начин по шофершајбната се формираат дамки, по кои се нафаќа секаква маснотија. Има и други методи кои помагаат против замрзнување на бришачите, кои не се толку популарни, но се доста ефикасни.

Еден од нив е оставањето на автомобилот навечер на паркинг да сипете на бришачите мала количина на зимска течност за бришачи, но не со стандарден раствор туку со концентрат.

Ако не сакате постојано да се занимавате со слични хемиски обработки, можете да ги кренете (одвоите) бришачите од шофершајбната со помош на неколку помали пластични предмети од типот на детски коцки или нешто слино.

Ако е времето суво (без снег и дожд), односно вашите бришачи се суви, можете едноставно да ги ставите во некое долгнавеста пластична вреќичка. Најдобро е возилото да се чува на суво место.