Kaко да препознаете здрава банана?

ИЗВОРСкопје24
|

Здравственото истражување спроведено во Јапонија покажува целосно зрелата банана произведува супстанца TNF (Tumor Necrosis Factor) која има способност да се бори против клетките кои се однесуваат ненормално.

Како што зрее бананата, така развива темни дамки на себе. Колку повеќе дамки има, толку е подобра и побогата со супстанци кои го подобруваат имунитетот.

Во оваа фаза на зрелост, бананата е најдобра за дигестивниот систем бидејќи шеќерот од баната тогаш најлесно се апсорбира, за разлика од помалку зрелите фази кога банатата е потешка за дигестивниот систем бидејќи скробот сеуште не е претворен во шеќер.

Нивото на клетки со антиканцероген ефект одговара на нивото на зрелост на овошјето. Колку бананата е позрела, толку таа има повеќе антиканцерогени својства.