Како да се справите со несоница во ладните зимски денови?

ИЗВОРСкопје24
|

Според едно истражување во САД, од луѓето кои страдаат од несоница, 90% гледале телевизија еден час пред спиење, 33% седеле пред компјутер, додека 43% расчистувале по дома.

Непобитен е фактот дека недостатокот на спиење предизвикува низа негативни ефекти врз вашето здравје како нарушување на работата на метаболизмот, апетитот, расположението, концентрацијата, меморијата итн. Некои доктори несоницата ја поврзуваат со зголемување на крвниот притисок, зголемување на стресот, нерегуларно отчукување на срцето итн. Во изминативе неколку години, две истражувања потврдуваат дека спиење помалку од 6 часа на ден или повеќе од 9 часа на ден, двојно го зголемува ризикот од смрт.

Доколку и вие спаѓате во категориите на луѓе кои спијат премалку или премногу применете ги следните совети:

Направете си ја вашата соба „рај“ за спиење, уредувајќи ја како место кое ви пружа задоволство и одмор, а не како место кое ви предизвикува стрес и тензии.
Ослободете го умот од сите грижи пред да отидете во кревет. Запишете ги сите работи кои ве загрижуваат на лист хартија и нивното решавање оставете го за следното утро.
Пред спиење задолжително избегнете го пиењето кафе или какви било други стимуланси. Тоа вклучува и средување на домот во доцните часови.
Обидете се да легнувате во кревет секоја вечер во исто време, вклучувајќи ги и викендите. Регуларноста во спиењето ќе ви помогне да го нормализирате ритамот на вашето срце.
Како да се справите со несоница во ладните зимски денови?

Не јадете тешка и калорична храна пред спиење. Доколку сте гладни, попрво одберете да внесете протеини и масти, отколку карбохидрати.
Одржувајте ја умерена температурата во собата. Температурата од 16 до 18 Целзиусови степени е совршена температура за добар сон. Соба која е премногу топла или ладна е тотално непријатна соба за спиење.
Спијте во темница. Ова е еден од најважните совети, имајќи предвид дека светлината е моќна сила која може да го разбуди вашиот мозок далеку пред алармот од вашиот часовник или мобилен телефон. Кога сме кај светлината, експертите за решавање на проблемот со несоница ве советуваат од собата да ги отстраните сите дигитални направи кои испуштаат каков било вид светлина. Ако страдате од несоница, не чекајте, веднаш претворете ја вашата спална соба во „пештера“.


Спијте од шест до девет часа на ден и заборавете ги проблемите во темница, постои денот кога тие треба да се решат.