Доколку и вие имате мака со овој проблем, постојат неколку природни решенија кои ќе ви помогнат да се ослободите од темните делови на кожата Слободен печат пред 20 часа 0 265 Насобирањето на мртви клетки, изложеност на сонце или хормонален дисбаланс може да бидат причина за потемнување на кожата кај лактите и колената.
Овие делови од телото немаат масни жлезди и затоа е важно да ги заштитиме од пресушување, со помош на соодветна нега и хигиена.
Доколку и вие имате мака со овој проблем, постојат неколку природни решенија кои ќе ви помогнат да се ослободите од темните делови на кожата
Погледнете неколку трикови со природни состојки:
Краставица
Нежно тријте неколку парчиња краставица на лактите и колената околу 15 минути. Оставете да отстојат уште 5 минути и потоа исплакнете со ладна вода.
Лимон и сода бикарбона
Земете лимон и пресечете го на пола. Посипете 1 лажица сода бикарбона на внатрешниот дел и тријте на лактите и колената 1 минута. Оставете да отстои 15 минути и потоа исплакнете со топла вода.
Алое вера и млеко
Измешајте еднаква количина млеко и гел од алое вера и нанесете ја мешавината на кожата на лактите и колената. Оставете да отстои цела ноќ и следното утре исплакнете.
Куркума
Измешајте 1 лажица куркума во прав со 1 лажица млеко, а може да додадете и мед по желба. Мешавината нанесете ја на колената и лактите и масирајте неколку минути, а потоа оставете да се исуши природно.
Исплакнете со топла вода.
Кокосово масло
По секое бањање нанесувајте кокосово масло на колената и лактите и масирајте нежно 2-3 минути, додека маслото не се апсорбира во кожата.
Оцет и јогурт
Измешајте 1 лажица јогурт и 1 лажица јаболков оцет. Нанесете ја мешавината на кожа и оставете да отстои 15 минути, па потоа исплакнете со млака вода. Повторувајте ја постапката 2-4 пати неделно.