Ако на дуелите против Савехоф и Бидасоа, екипата на Еурофарм Работник не успеа да го сочува водството oд првиот дел, синоќа, не дозволи нов таков пад и ја запиша најголемата победа во клупската историја.
Во Битола падна големиот Веспрем. Европскиот вицешампион со бројните ѕвезди во тимот, беше изненаден од „фармацевтите“, кои многубројната домашна публика ја наградија со незаборавна победа. Ако на голот блескаше Никола Митревски со 14 интервенции, во организацијата на играта и нападот неверојатни беа Јотиќ и Граџан.
Токму по уште една нивна акција, Еурофарм се искачи на +3, а во последната минута кога беше најпотребно до небо се вивна Невен Стјепановиќ и со проектил ја запечати победата на својот тим.
Клучните два гола на Еурофарм во победата над Веспрем: