Каков Меси, каков Роналдо: Норвешки тинејџер е новата ѕвезда во европскиот фудбал

|

Малкумина веројатно го знаат Ерлинг Браут Халанд, 19-годишен норвешки фудбалер кој најавува блескава кариера и им се заканува на најголемите европски и светски ѕвезди.

Без многу помпа поминаа неговите девет гола на Светското У-20 првенство против Хондурас, а тој веќе блесна во Лигата на шампионите. Во првото коло, против Генк тој постигна хет-трик во победата од 6-2 и веќе е на бројката од 17 гола во новата сезона иако таа за него не трае ни два месеца. Таков ефект на почетокот од својата професионална кариера немале ни Лионел Меси, ни Кристијано Роналдо.

Во домашното првенство има 14 гола на 8 натпревари, а синоќешниот хет-трик беше четврти за него оваа сезона. Ако вака продолжи, прашање е само на време кога ќе го облече дресот на некој од европските гиганти.