|
Вториот најтрофеен англиски клуб веќе три децении чека шампионска титула во Премиер лигата, но изгледа дека е дојдено времето да го скрши проклетството.
Не само што има огромна предност пред ривалите, туку Ливерпул ги собори сите клупски рекорди во 127-годишниот постоење. Последниот од нив синоќа, против Евертон што беше 32. натпревар без пораз на тимот во Премиер лигата.
Последен пат четата на Клоп е поразена na 3 јануари 2019 година, на гости кај Манчестер Сити и оттогаш има 27 победи и пет нерешени резултати. Оваа сезона загуби само два бода, на гостувањето кај Манчестер Јунајтед.