Шведскиот репрезентативец Дејан Кулушевски кој крена прашина во нашата јавност кога не сакаше да даде изјава на македонски јазик по еден натпревар на Тотенхем, сега објасни дека многу му значи неговото потекло.
Таткото на Кулушески, Стефан, иако Македонец по потекло е роден во Шведска, додека неговата мајка, Катица е родена во Македонија и се преселила во Шведска како возрасна.
Тој сепак во интервју за „Гардијан“ објасни дека за него и неговото семејство Македонија е многу важна.
„Македонија е важна за мене и моето семејство. Никогаш нема да заборавиме од каде дојдовме. Секое лето сум во Македонија. Доколку можев, би играл и за двете репрезентации, но мораше да изберам една и тоа на крајот беше Шведска, затоа што таму живеам“, изјави Кулушевски.