Карачиќ не може без три работи – Скопје, Вардар и Дибиров (ФОТО)

|

Поранешниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ, деновиве е во Скопје, каде ја лекува повредата на градниот кош со лекарскиот тим на „црвено-црните“.

Играчот на Келце се повреди на средбата со Висла Плоцк, играше повреден со Монпелје, но нема да ризикува и нема да патува на мечот со Мешков Брест.

Во меѓувреме, реши да не се лекува во Полска и да се врати во Скопје, каде помина седум години. Покрај лекарските консултации, Карачиќ го искористи престојот во македонската метропола и за средба со поранешниот соиграч Тимур Дибиров…

Русинот сподели фотографија на социјалните мрежи, а некој подолу искоментира…„Карачиќ не може без три работи – Скопје, Вардар и Дибиров“….