|
Точно на половина од оваа сезона, раководството на Барселона одлучи како ќе изгледа дресот со кој ќе играат фудбалерите догодина.
Експериментот со коцките не беше многу успешен, па каталонскиот клуб повторно ги враќа во игра вертикалните пруги со нешто пошироки сини и црвени варијанти, а меѓу нив жолта боја. Новина е тоа што по подолго време пруги ќе има и на ракавите.