Казнети ќе следуваат за британските компании кои соработуваат со Huawei на воведување 5G мрежа

ИЗВОРНов Лист
|

Британските телекомуникациски компании кои ја кршат одлуката за постепено напуштање на опремата на Huawei од националните телекомуникациски мрежи ќе добијат казни до 100.000 фунти дневно, ваквите санкции се предвидени со предлог законот кој во вторникот во парламентот го претстави владата на Велика Британија.

Учество на кинеската компанија Huawei во британската мобилна 5G мрежа, се забранува со предлог законот. Целта на новата законодавна иницијатива е да се спречат можните обиди на британските телекомуникациски компании да ги заобиколат правилата за употреба на купената опрема на Huawei за 5G мрежи.

Претходно беше речено дека на Huawei ќе му биде овозможено да обезбеди една третина од опремата за идната 5G мрежа. Меѓутоа, оваа промена на одлуката следуваше после повеќемесечен интензивен притисок од американските власти да забранат кинеската компанија да учествува во британската телекомуникациска мрежа поради националната безбедност.

Законот ќе стапи на сила најверојатно од 2027 година, кога ќе се остави време на компаниите да ги реорганизираат своите мобилни мрежи, што подразбира отстранување на софтверот, рутерите и антените на Huawei.