Кемал од „Двоен живот“ има сопруга убавица и синче кое е негова мини копија (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Турските серии одамна ја освоија Македонија, но во последиве неколку месеци, хит серијата „Двоен живот“ ги руши рекордите на гледаност на телевизија Сител. Турскиот актер Булент Инал ја освои публиката на турските серии со улогата на Кемал во серијата „Двоен живот“.

Тој моментално работи на нова историска серија во која изгледа сосема поразлично од Кемал кој го познаваме од телевизија.

Со долга брада и труска униформа, актерот Булет има перфектна трансформација од која тешко би го препознале.

Кога станува збор за неговата приватност, тој е среќно оженет човек кој има едно малечко синче.

Жената која го освои неговото срце е вистинска синоока убавица, а пак синчето е негова мини копија. Ова е „Кемал Ипекчи“ приватно:

Исто така турската актерка Џејда Дувенчи или попозната како Сузан од серијата „Двоен живот“ стана навистина интересна за македонската јавност. Имено, иако таа игра лоша, несреќна и драматична жена, во приватноста има сосема поканов живот од оној што го има според сценариото во серијата.

Имено, Џејда има среќено семејство и хармоничен брак со сопругот и нивните две дечиња.

Таа има една прекрасна ќеркичка и помало синче, со кои обожава да поминува време и постојано поставува фотографии на социјалните мрежи.

Таа е најактивна на Инстаграм каде на профилот има бројни фотографии заедно со најмилите. Вистински позитив е да се гледаат насмевките на нивните лица.

Сузан е несреќна, но Џејда е сосема друга жена која ужива во она што и го дал Бог и животот.