Ким ја покажа својата канцеларија, луѓето згрозени од столовите: „Кога не сакате вашите гости да останат предолго“

ИЗВОРНов Лист
|

Ким Кардашијан (41) објави видео на кое се гледа како изгледа нејзината канцеларија, а на социјалната мрежа TikTok корисниците почнаа да коментираат дека никогаш не виделе понеудобен мебел.

Корисник на TikTok го издвои делот во видеото каде точно се гледа мебелот и коментираше дека му е жал за луѓето кои треба да седнат на него.

Мислам дека штотуку ги најдов најнеудобните столчиња досега – напиша тој во видеото.

„Попрво би седнал на подот“, додаде друг.

Некои напишаа дека Ким го користи тој мебел само за украсни цели и дека веројатно воопшто не ја користи таа канцеларија и дека е невозможно да прави нешто во таа канцеларија кога е толку непријатно.
Видеото на Ким можете да го погледнете со клик тука.