Ќерката на Шварценегер и Крис Прат добија второ дете, го открија името

ИЗВОРНов Лист
|

Писателката Кетрин Шварценегер објави на Инстаграм дека пред два дена родила девојче.

„Толку сме возбудени што можеме да го објавиме раѓањето на нашата втора ќерка, Елоиз Кристин Шварценегер Прат. Исто така, се чувствуваме повеќе од благословени и благодарни“, напиша Кетрин.

Ова е второ заедничко дете на Кетрин и на Прат. Во 2020 година се роди нивната ќерка Лајла, додека актерот со Ана Фарис го има синот Џек.

Во декември 2021 година се дозна дека ќерката на Шварценегер е бремена.