Ливерпул во последниот меч од групата фаза во Лигата на шампионите славеше на гостински терен кај Салцбург со 2:0.
„Црвените“ со двата гола во второто полувреме дојдоа до победа. Најпрво Кеита во 57. минута погоди за водство на гостите, а само една минута подоцна Салах стави точка на натпреварот.
Јирген Клоп по мечот го пофали својот тим, а освен тоа се чудеше и на голот на Салах, но и неговите промашувања пред него.
„Каков тим. Каков настап. Тоа беше тежок натпревар. Почнаа така директно. Направија толку многу паметни работи. Бевме подготвени за одбрана. Тоа беше навистина напнат натпревар“, изјави Клоп и додаде:
„Во второто полувреме не можеа да се носат со интензитетот. Постигнавме два прекрасни гола. Можевме да дадеме шест или седум што е лудило. Победивме во групата, го добивме натпреварот, се е добро.
Во првото полувреме моравме да направиме исчекор. Кога ја имавме топката, имавме чувари и не постигнавме гол. Тогаш Салах постигна гол од најтешката ситуација цела ноќ – го даде тој гол. Навистина не знам како. Со неговиот квалитет, како не даде барем еден или два од претходните шанси, навистина немам поим“, заклучи Клоп.