Јирген Клоп синоќа по натпреварот со Наполи (1:1), им се извини на навивачите што не успеале уште синоќа со победа да го потврдат пласманот во следната фаза од ЛШ.
Со вакви резултати и ситуација на табелата, Ливерпул со евентуален пораз во Салцбург последното коло, би можеле да бидат сензационално елиминирани и тоа ќе биде приказна над приказните, да биде елиминиран европскиот шампион.
„Се уште е отворена борбата, групата е се уште отворена. Не е идеално за нас, но ОК е. Не би сакал да кажам дека ни треба интензитет на секој натпревар, но тоа сега веќе ни е потребно. Минатата сезона имавме победа во Неапол со 1;0 последното коло и сигурно неможам да го заборавам тој притисок“.
„Знам дека навивачите се надеваа вечерва на победа со цел да бидеме сигурно во следната фаза, за мечот со Салцбург потоа да ни биде како празник. Но ете, не се случи тоа, жалам, треба да се извиниме до навивачите“, порача Германецот.
На Ливерпул и бод ќе им заврши работа последното коло кај Ред Бул Салцбург.