Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.01/2020 за долгови доспеани до 30.09.2019 и неплатени до 31.12.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.01/2020 објавени се 1.995 должници – правни лица (помалку за 11 од претходната листа) и 2.515 физички лица (помалку за 8 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.01/2020 изнесува 10.006.432.444 денари, помалку за 29.965.041 денари од претходната листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.853.974.560 денари (помалку за 22.578.811 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 152.457.884 денари (повеќе за 7.386.230 денари од претходната листа).
Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.