Комисијата за заразни болести не отстапува: Предлог за полициски час од 22 часот за жариштата

|

Комисијата за заразни болести останува на предлогот до Владата да се воведе полициски час од 22 до 5 часот во жариштатакако Скопје, Штип, Тетово и Куманово, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Владата вчера имаше седница, но не донесе одлука за предлогот на комисијата.

Комисијата инсистира на ваквиот предлог за да се заштити здравствениот систем бидејќи на скопската Инфективна клиника и болницата „8 Септември“, како и на инфективните одделенија во неколку болници низ државата веќе се чувствува премореност кај медицинскиот персонал, а се зголемува бројот на заразени меѓу нив. Според последните податоци, заразени и изолирани се 15 медицински лица од „8 Септември“, каде што во моментов се лекуваат 50 заболени, од кои 10 се на респираторна машина.

Во комисијата сметаат дека итно мора да се најде замена за докторите и сестрите кои повеќе од три месеци работат исклучиво со заболени и суспектни пациенти. Министерот Филипче ја информирал комисијата дека ќе го реши тој проблем со ротации на здравствен кадар од други болници.

Целиот текст прочитајте го на СДК.мк