Вељко Ражнатовиќ живее во куќата која ја доби на мираз од бабата и дедото, а не кај мама Цеца

|

Раѓањето на малиот Жељко е главна тема во српските медиуми, паоткако гордата мајка ја напушти болницата, таа со нејзиниот сопруг се упати кон нејзината куќа во Тител, каде што во моментот живеат.

Тие се таму привремено додека не заврши реновирањето на катот што се проширува за да биде што е можно поудобно за новите родители.

„Бидејќи во Србија преовладуваше вонредната состојба, семејството Ражнатовиќ не можеше да ја заврши работата во куќата. Имено, тие го реновираа домот каде ќе живеат Вељко и Богдана, го проширија тој простор и договорија катче за малиот Жељко. По планот требаше да заврши сè во мај, но работата беше одложена. Се’ ќе биде во бели и сини тонови, како од бајка. Планот е сè да се заврши во следните неколку дена, а дотогаш Вељко и Богдана ќе бидат во Тител кај мајката и таткото на Богдана. Цеца пак, испраќа се што им треба од Белград секој ден и не може да чека да дојдат во семејниот дом “. рече изворот за Курир.рс

Иако се пишуваше дека Вељко и Богдана ќе живеат во вилата на Дедиње, а Цеца и мама Богдана ќе се грижат за бебето, излезе дака посреќна ќе биде Даниела, бабата на Вељко која повеќе ќе ги гледа ќерката и внукот бидејќи ќе живеат во нејзиниот град, а не во Белград.