Влада: Во моментот не постојат причини за продолжување на вонредната состојба

|

Вонредната состојба од 14 дена истекува во сабота, на 14 јуни. Доколку не биде продолжена, тоа ќе значи дека на 5 јули ќе мора да се оддржат изборите, но како проблем пак се јавува зголемениот број на заболени.

Од Влада за Фокус велат дека во наредните денови ќе се одлучува за сите отворени прашања. Сепак, потенцираат дека засега сметаат дека нема потреба од продолжување на вонредната состојба.

-Владата за ова и други прашања ќе заседава и одлучува во текот на следните денови. Согласно проценките, во моментов не постојат причини и потреби за продолжување на вонредната состојба. Имајќи предвид дека здравствениот систем е подготвен за периодот којшто претстои, економските мерки се целосно уредени и во фаза на имплементација, а за евентуални нови рестрикции во иднина вонредна состојба не е потребна, одговорија од Владата за „Фокус“.

Извор: Фокус.мк