Спортскиот директор на Кил, Виктор Силаги го коментираше исходот од ждрепката за Лигата на шампионите. Кил се падна во групата со Вардар, а од германскиот клуб велат дека посакувале поинаква група заради распоредот на натпреварите.
Сепак Кил е врвен тим и сигурно на секој натпревар дека ќе дадат максимум и ќе одат на победа со цел да обезбедат што подобар пласман пред нокаут рундата.
„Во нашата група е најдобриот клуб во Европа и уште двајца учесници на последниот Ф4. Посакувавме поинаква ждрепка поради премногу густиот распоред во текот на сезоната. Но ние не се плашиме од предизвици. Подготвени сме да се соочиме со задачата да избориме пласман во следниот круг од што подобра позиција“, коментираше Силаги за сајтот на Кил.
Кил се враќа во Лигата на шампионите по една година пауза, а во последното учество беше елиминиран токму од Вардар во четвртфиналето.
Извор: 24rakomet.mk