Корисна примена на чудото наречено сода бикарбона

|

Сода бикабоната претставува одлична супстанција која може да се примени на различни начини, корисна е и не е штетна за околината.

Корисна е за вашата облека. Ја омекнува облеката и елиминира непријатен мирис, отстранува најразлични дамки,ја зголемува ефикасноста на детергентот.

Корисна е и во кујната за чистење на микробрановата и рерната, за дезинфекција на даските за сечење, за чистење на кујнските полици и фиоки,за чистење на овошјето и зеленчукот од пестициди, за отстранување на непријатните миризби.

Помага при чистење на домот, на накитот, дезинфикување на тоалетот, одзатнување на цевки, за перење на играчките.

Одлична е за отстранување непријатни мириси од: чевлите, рацете (на пример, после чистење риба или пак лук), од фрижидерот, од душеците.

Таа е фикасен лек: при болки во стомакот, отстранување на гасови, намалување на чешањето од сипаници.

Производ за грижа на забите: отстранува дамки од забите, лош здив, чистење на забите.

Корисна за грижа на кожата и косата: намалување на појавата на акни, отстранување токсини од кожата, миење на косата без шампон и заштита од првут.