|
рофејниот шпански стручњак Рафа Бенитес последните месеци работи во Кина, но уште соработува со англиски медиуми за кои пишува колумни.
Во една од нив зборуваше за најтешките ривали со кои се соочил во кариерата, а призна дека еден од нив му бил особено незгоден.
„Кога ја водев Валенсија, најтешко ми беше против Реал на Дел Боске. Но, убедлибо најтежок тим ми беше Челси под водство на Мурињо. И покрај тоа сакав да играм против нив, еднаш и ги победив во Лигата на шампионите“, призна Бенитес.